More

    Украле стотици милиони евра: Уапсен лидерот на хакерска група во Украина

    spot_img

    Во заедничка операција на полициите на Украина, Франција, Германија, Норвешка и САД, уапсен е водачот на хакерска група која оперира од Украина и е одговорна за сајбер напади чија цел била да изнуди стотици милиони евра од нејзините жртви. Европската полициска служба (Европол) соопшти денеска.

    Полицијата синоќа изврши рација во 30 имоти во западна и централна Украина, соопшти Европол, чие седиште е во Хаг.

    При таа акција уапсен е 32-годишен маж за кој се сомнева дека е водач на бандата, како и четворица соучесници.

    Повеќе од 20 истражители од Франција, Германија, Норвешка и САД се распоредени во Киев за да им помогнат на локалните полициски и судски власти.

    „Во невиден напор, полициските и судските власти од седум земји ги здружија силите со Европол и Еуроправда за да ги разбијат и уапсат клучните личности зад големите хакерски операции во Украина“, се вели во соопштението.

    Таа група хакери нападна организации во 71 земја, заразувајќи околу 250 сервери што доведе до финансиска загуба од неколку стотици милиони евра.

    „Овие хакери се познати по тоа што конкретно ги таргетираат големите компании и ги оневозможуваат нивните активности“, се додава во соопштението на Европол.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img