More

    Украинскиот претседател за првпат излезе од Украина, Бајден го пречека во Овалната соба

    spot_img

    Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, за првпат излезе од Украина од почетокот на војната, а за да се сретне со неговиот американски колега Џо Бајден во Вашингтон. Тие ќе зборуваат за новата обемна воена помош која меѓу другото ќе вклучи една батерија од напредниот противвозудшен ракетен систем „Патриот“, нови 1,85 милијарди долари во финансиски срества и друга муниција, известува Би-Би-Си.

    – Со претседателот Бајден особено ќе разговарам за билатералната соработка меѓу Украина и САД. Следната година мора да го вратиме украинското знаме на територијата на целата наша земја – изјави Зеленски кога пристигна на аеродромот.

    Во Овалната соба, Бајден му кажа на Зеленски дека САД го поддржуваат „праведниот мир“ за Украина, велејќи му на украинскиот лидер дека неговата земја продолжува да го „импресионира светот“. Зеленски одговари, кажувајќи му на Бајден за „ценењето од моето срце“ што го чувствува за САД. Тој му се заблагодари на Бајден за неговата „голема поддршка“ за неговата земја. Бајден исто така му рече на Зеленски дека е „човек на годината“, како што неодамна беше прогласен од страна на магазинот Тајмс.

    Зеленски рекол дека е „голема чест“ да се биде во САД. Украинскиот лидер потоа се осврнал на неговата вчерашна посета на градот Бахмут во првите редови. Тој му кажал на Бајден дека еден капетан таму го замолил да му го предаде својот воен медал, бидејќи тој е „многу храбар претседател“.

    Бајден му се заблагодари на Зеленски и му рече дека сака да стапи во контакт со капетанот за да испрати подарок за возврат.

     

    САД ќе обезбедат дополнителна воена помош од 1,85 милијарди долари за Украина, вклучувајќи и обезбедување на системот за ПРО „Патриот”, објави во денешното соопштение американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

    Пакетот за воена помош вклучува милијарда долари вредно оружје и опрема од залихите на Пентагон, вклучувајќи и една батерија „Патриот“, 850 милиони долари финансирање преку Иницијативата за безбедносна помош на САД за Украина. Таа иницијатива, исто така, ќе се користи за финансирање на сателитски комуникациски систем, кој најверојатно ќе ја вклучи важната сателитска мрежа Старлинк на Илон Маск.

    Пакетот за оружје подетално вклучува: една батерија за противвоздушна одбрана Патриот и муниција, 30 минофрлачки системи, шест оклопни комунални камиони, ракети против радијација со голема брзина, 500 артилериски куршуми, уреди за ноќно гледање и панцир за тело.

    Системите „Патриот“ имаа дострел од 90 километри.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img