More

    Украинската православна црква бара од Вартоломеј да воведе санкции против рускиот патријарх Кирил

    spot_img

    Го повикуваме вселенскиот патријарх Вартоломеј и сите поглавари на другите автокефални православни цркви да ги осудат духовните злосторства извршени од рускиот патријарх Кирил и да го отстранат од функцијата, изјави поглаварот на Украинската православна црква (УПЦ), Епифаниј, пишува Укринформ.

    – Мораме да сфатиме дека секој ден од нашиот живот, без разлика каде сме во Украина, скапо нѐ чини. Нашите бранители сега се борат за тоа на фронтот и сите сме должни да се бориме за слобода, за вистина – секој на своето место, каде што сме. Еден од главните насоки на оваа борба е спротивставувањето на идеологијата на „рускиот свет“, оваа фашистичка, убиствена доктрина, обвиткана во светлечко платно од проповеди на Кирил Гундјаев и неговите сојузници. Не е тајна дека патријархот Кирил е еден од креаторите на идеологијата на „рускиот свет“, негов пропагандист и промотор. Самата идеологија, според мене, потпаѓа под осуда на етнофилетизмот како ерес од страна на Константинополскиот собор во 1872 година. Затоа, Кирил Гунџаев, како сотворец и пропагандист на „рускиот свет“, треба да биде осуден доколку не се откаже од оваа ерес и не ги покаже плодовите на покајанието – рече Епифаниј.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img