More

    Украинската група го шитна пехарот за 900.000 долари

    spot_img

    Победникот на Евровизија, групата „Калуш оркестра“ го продаде трофејот што го доби за цена од 900.000 долари, а парите ќе биде наменети за купување три беспилотни летала за украинската војска. Кристалниот микрофон беше понуден на аукција на Фејсбук за дронови.

    Продажбата се совпадна со појавувањето на бендот на хуманитарниот концерт за Украина во Берлин.

    – Ве молам, не се навикнувајте на војната! Мислам дека таа постојано би требала да биде на насловните страници додека не се постигне мир – изјави членот на групата Олег Псјук.

    Победничката песна „Стефанија“ оригинално беше напишана за мајката на Псјук, но некои стихови асоцираат на состојбата во Украина.

    Од групата кажаа дека парите ќе бидат искористени за да се купат три дрона „ПД-2“ од украинско производство.

    „Пријатели, вие сте неверојатни! Благодарни сме на секој од вас што донира средства за оваа аукција, а особено на тимот на Вајтбит кој го купи трофејот за 900.000 долари и сега стана негов сопственик. Претплатете се на нив, тие навистина го заслужуваат тоа. Слава, Слава на вооружените сили на Украина“, напиша групата на Фејсбук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img