More

    Украина тврди дека Русија го киднапиралa шефот на „Запорожје“

    spot_img

    Украинскиот снабдувач на нуклеарна енергија Енергоатом ја обвини Русија дека го „киднапирала“ шефот на најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје, објект кој сега е окупиран од руски војници и се наоѓа во регион на Украина кој рускиот претседател Владимир Путин илегално да го анектира.

    Руските сили го грабнаа генералниот директор на нуклеарната централа „Запорожје“, Ихор Мурашов вчера околу 16 часот, соопшти украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом. Тоа се случи само неколку часа откако Путин, во острата ескалација на неговата војна, потпиша договори за анексија на украинската територија контролирана од Москва кон Русија.

    Енергоатом рече дека руските војници го запреле автомобилот на Мурашов, му ги врзале очите и потоа го однеле на непозната локација.

    – Неговото приведување (од Русија) ја загрозува безбедноста на Украина и на најголемата нуклеарна централа во Европа – рече претседателот на Енергоатом, Петро Котин и побара Русија веднаш да го ослободи Мурашов.

    Русија не потврди дека го заробила директорот на нуклеарката. Меѓународната агенција за атомска енергија, која има персонал во централата, исто така не го не го потврди тврдењето на Енергоатом за апсењето на Мурашов.

    Нуклеарката во Запорожје постојано беше фатена во вкрстен оган од војната во Украина. Украинските техничари продолжија да ја управуваат откако руските војници ја зазедоа електраната. Последниот реактор на централата беше затворен во септември поради тековното гранатирање во близина на објектот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img