На својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер, Украина објави карикатура од „остарениот“ германски диктатор Адолф Хитлер во друштво на „малечкиот“ руски претседател Владимир Путин.
На карикатурата Хитлер е облечен во нацистичка униформа и прикажан е како му се смешка и како го гали лицето на Путин.
Рускиот претседател, пак, прикажан е како детенце.
„Ова не е меме, туку нашата реалност во моментов“, наведено е во објавата.
Некои твитерџии се збунети поради тоа што официјалниот Твитер профил на нападнатата нација одговорил со карикатура во моментите кога многу Украинци ги губат своите животи.