More

    Учениците од земјава, вечер ќе бидат во Истанбул, утре тргнуваат за Скопје

    spot_img

    Групата од осум македонски ученици и нивниот ментор и наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваа во Република Туркије, го напуштиле подрачјето погодено од земјотреси и се на пат кон Анкара, соопшти МНР.

    Во организација на Амбасадата на Северна Македонија во Анкара, со две возила, учениците во текот на денот ќе пристигнат во турскиот главен град. Оттука учениците ќе бидат упатени кон Истанбул каде е обезбедено привремено сместување, сѐ до нивното заминување кон земјава кое се планира да биде во текот на утрешниот ден. Меѓу нив се и двата ученика кои беа повредени, и кои се во добра здравствена состојба и се чувствуваат добро.

    Засега нема нови информации пристигнати до Амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул за други наши државјани кои се наоѓаат во евентуално загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција. Нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба“ – соопшти Министерството.

    Од МНР уште еднаш информираат дека за било какви прашања нашите дипломатски претставништва во Туркије се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img