More

    Турскиот град Нурдаг ќе биде срамнет со земја и повторно изграден

    spot_img

    Турскиот град Нурдаг (околу 40.000 жители) во округот Газиантеп, тешко погоден од земјотресите минатата недела, ќе биде целосно урнат и обновен, јавија турски медиуми, цитирајќи го гувернерот на округот Шарнак, Осман Билгин.

    – Катастрофата е многу голема. Одлуката за градот Нурдаг ја донесовме со нашиот министер за животна средина и урбанистичко планирање Мурат Курум. Целосно го бришеме овој град, го уриваме целосно, сто проценти – рече тој, додавајќи дека после тоа Нурдаг повторно ќе биде изграден.

    Нурдаг е оддалечен само 20 километри од градот Пазарџак, што беше епицентар на првиот од серијата разорни земјотреси со интензитет до 7,7 степени во јужна Турција.

    Земјотресите од 6 февруари, од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, сериозно погодија десет окрузи во јужна и југоисточна Турција, како и во соседна Сирија. Над 35.000 веќе се жртви на земјотресите во двете земји.

    Поради последиците од разорните земјотреси што пред една недела ја погодија турско-сириската граница, 1,2 милиони луѓе останаа без покрив над главата во југоисточниот дел на Турција, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

    Се стравува дека до сега од под урнатините најверојатно се извлечени и последните преживеани.

    Во меѓувреме, околу 176.000 шатори се подигнати во најтешко погодените провинции во Турција. Агенцијата за катастрофи АФАД објави дека нивните работници поставиле илјадници контејнери за домување.

    Речиси 400.000 луѓе досега се евакуирани од подрачјата погодени од земјотресот, покажуваат податоците на претседателскиот кабинет.

    Турската новинска агенција Анадолија објави дека властите вршат инспекции за да утврдат кои станбени згради во десетте провинции погодени од земјотресот се сè уште погодни за живеење.

    Од понеделник попладне, повеќе од седум и пол илјади згради веќе се урнаа или мораше итно да се урнат, изјави Бану Аслан, директор на градежниот оддел.

    Вкупниот број на потврдени смртни случаи досега е повеќе од 37.500, а повеќе од 80.000 луѓе се повредени.

    Само во Турција, бројот на загинати се искачи на 31.643, јавува Анадолија повикувајќи се на АФАД.

    Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во соседна Сирија загинале најмалку 5.900 луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img