More

    Туристите се жалат дека нема јавни тоалети на автопатот до Грција

    spot_img

    Верувале или не, во Македонија никој не е надлежен за поставување јавни тоалети на патиштата, или барем така изгледа. А потреба од ова очигледно има. Голем број на српски туристи на група на Фејсбук веќе се жалат за оваа непријатност. Некои дури коментирале дека на бензинските пумпи некогаш тоалетите биле и заклучени и дека морале да уринираат на отворено.

    Претпријатието за јавни патишта ЈПДП на прашање на Плусинфо вели дека нема законска обврска да поставува јавни тоалети туку да ги поставува сообраќајните знаци кои упатуваат до нив.

    „ЈПДП нема пракса на изградба на јавни тоалети, бидејки нема ниту законска регулатива поврзана со ова прашање. Оттука произлегува дека нема обврска за изградба“, велат оттаму.

    Зошто нема јавни тоалети на оваа важна траса на која граѓаните плаќаат неколку патарини од Скопје до границата кај преминот Богородица?

    „Доколку се донесе законска регулатива за оваа област, ЈПДП ќе ја применува“, велат од претпријатието за Плусинфо.

    Во соседна Грција постојат паркинзи со тоалети на автопатите, а на некои од нив и се наплаќа во евра. Дали државата може да ќари од ваквата наплата или можеби проблемот би бил решен со поставување кабини „тои-фор“ на повеќе места?

    Освен исплатливоста за ваквото нешто, тука е и моментот на туристичката презентација на Македонија за сите странци кои минуваат низ земјата за да стигнат до посакуваните плажи во Грција. Додека во Грција ваквото нешто веројатно носи повеќе пари поради повеќето туристи, поставување на чисти и пристојни јавни тоалети, ако ништо друго, ќе ја подобри сликата за нашата држава и можеби ќе натера некои од туристите да нѐпосетат пак.

    Плаќањето за пристоен тоалет не би требало да биде проблем ако тоалетот е пристоен, исто како што кога влегувате на попатна бензинска станица е културно и да испиете кафе или да купите нешто ситно кога веќе го користите тоалетот.

    Јавните тоалети пак, во самите градови, во туристичките центри како Охрид, на пример, исто така, остануваат мала мистерија за одгатнување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img