More

    Турчинот Хакан Ајсал бил уапсен минатата година поради убиството на својата бремена сопруга Семре Ајсал

    spot_img

    Турчинот Хакан Ајсал бил уапсен минатата година поради убиството на својата бремена сопруга Семре Ајсал кое се случило во јуни 2018 година додека сопружниците биле на одмор во Долината на пеперутките, во провинцијата Мугла.

    Турската полиција тогаш го обвинила Ајсал дека ја убил својата сопруга во седмиот месец од бременоста, туркајќи ја од карпа висока над 300 метри.

    Пред да се случи убиството, двајцата сопружници се фотографирале на карпата, а обвинителите тогаш тврделе дека Ајсал и во тој момент го планирал убиството имајќи на ум да го прикаже како несреќен случај.

    Обвинителите рекле дека двајцата сопружници на карпата минале три часа бидејќи Ајсал чекал момент околу нив да нема никој. Кога сфатил дека се сами, ја турнал бремената сопруга од карпата.

    Ајсал тврдел дека не е одговорен за смртта на Семре.

    – Откако ја направи фотографијата, мојата сопруга го стави телефонот во чанта. Подоцна ме замоли да ѝ го дадам телефонот. Станав, а кога се оддалечив неколку чекори за да го земам телефонот, ја слушнав Семре како вреска. Кога се завртев, не беше таму. Не ја турнав својата сопруга – рекол Ајсал.

    Сепак, обвинителите не му веруваат на обвинетиот, особено поради фактот дека непосредно пред убиството Ајсал и Семре потпишале полиса за осигурување од незгоди, па од смртта на бремената сопруга Ајсал требало да „заработи“ 46.000 евра.

    Како што јавуваат турските медиуми, 40-годишниот Хакан Ајсал во вторникот бил осуден на 30 години затвор, пред судот воопшто да разгледа негово ослободување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img