More

    Тупанчески потврдува дека Законот ќе оди на Венециска комисија

    spot_img

    Мислењето на Венецијанската комисија е добредојдено за да избегнеме пресуди од Европскиот суд за човекови права, смета министерот за правда Никола Тупанчески.

    Одговарајќи на новинарско прашње денеска Тупанчески рече дека испраќањето на Законот за здруженија и фондации на мислење на Венецијанската комисија е од превентивни причини во однос на примената на одредбите кои се изгласани во Собранието, за да не дојде до несакани консеквенции кои во формална смисла би довеле до предмети пред Европскиот суд за човекови права. Европската пракса покажа дека закон може да биде проверен и по неговото донесувањеукажа министерот Тупанчески.

    – Мислењето на Венецијанската комисија е добредојдено. Исходот не можеме да го прејудицираме. Можеби ќе оди во наш прилог. Факт е дека во иднина можеби добро оваа пракса да продолжи, но тоа да биде пред донесувањето на законите затоа што на некој начин е подобро да се реагира во таа фаза отколку кога ќе биде донесен законот, па после да добиеме пресуда од Европскиот суд за човекови права – изјави министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања.

    За време на својата посета на Софија министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе покрене иницијатива македонската влада да го испрати на анализа во Венецијанската комисија Законот за здруженија на граѓани и фондации, како и законот з политички партии, кои неодамна претрпеа промени со консензус на сите партии во Собранието.

    Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на средбата со Османи во Софија побара примената на овие закони да се одложи додека Венецијанската комисија не го каже своето мислење, што може да трае неколку месеци. Тоа би значело здруѓенијта на граѓани, кои се регистрирани со овој закон, да ја немаат обврската да се прилагодат со неговите нови одредби.

    Тупанчевски во својот одговор не кажа конкретно дали ќе се прифати ова барање на Борисов и дали законот ќе се применува откако ќе биде вратен од Венециската комисија, што би значело дека здруженијата „Иван Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ не мора да се пререгистрираат или преименуваат.

    Со измените на Законот за здруженија на граѓани и фондации, покрај другото се воспоставуаат ограничувања за употреба на имиња за здруженија на граѓани и фондации, кои се однесуваат на историски личности поврзани со фашизам и нацизам, или соработка со нив, антисемитизам, расизам и тн. Повод за овој закон беше именувањето на два клуба во Битола и Охрид на бугарското малцинство во Македонија со имињата на „Иван Михајлов“ и „Цар Борис Трети“. Според законот треба да се формира петчлена Комисија која треба да даде мислење за името на некое здружение, кое потоа му се доставува на министерот за правда и тој носи решение за регистрацијата или одбивањето регистрација за некое здружение.

    Премиерот Димитар Ковачевски денеска одбегна конкретен одговор на прашањето дали овие закони ќе бидат испратени на анализа во Венецијанската комисија или не.

    – Измените на Законот за здруженија ги донесе Собранието со консензус, но без разлика дали одат на Венецијанска комисија или не, сите наши закони ќе бидат разгледани во текот на билатералниот скрининг што го имаме со ЕУ и потоа ќе претрпат усогласувања – рече премиерот Ковачевски.

    Тој повтори дека се залага за посебен, нов закон за здруженија на граѓани.

    – Мојот став е дека нам ни треба нов Закон за здруженија на граѓани и фондации и Министерството за правда работи на изготвување на комплетен закон, што ќе ги вклучи сите политички партии и експерти. Уште стојам на ставот дека како основа треба да биде земено германското законодавство, кое на многу висок степен ги има решено здружувањата на граѓаните – истакна премиерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img