More

    Црвениот крст повика на обновување на хуманитарната помош за Авганистан

    spot_img

    Црвениот крст денеска ги повика земјите и донаторите да ги остават настрана своите политички приговори за Талибанците и да продолжат со протокот на хуманитарна помош до државните институции во Авганистан за да се олесни „неподносливата“ хуманитарна ситуација во земјата.

    Авганистанските Талибанци денеска одбележаа една година од доаѓањето на власт со скромни прослави додека земјата се бори со растечката сиромаштија, суша и неухранетост поради кои повеќе од половина од нејзините 40 милиони луѓе зависат од хуманитарна помош за да преживеат.

    Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) е една од организациите кои обезбедуваат помош откако донаторите ненадејно ги прекинаа средствата како одговор на преземањето на земјата од страна на Талибанците поради загриженоста дека не се почитуваат правата на жените и се кршат санкциите.

    – Хуманитарните организации не можат да ги заменат јавните институции во земја со 40 милиони жители. Нашата главна порака е да побараме од земјите и развојните агенции да се вратат во Авганистан и да продолжат да ги поддржуваат Авганистанците кои веќе се соочуваат со неподнослива ситуација. Економската состојба во земјава е толку лоша што многу од градските жители одат дотаму што продаваат лични работи на улица и молат во редици за леб за да преживеат – изјави за Ројтерс генералниот директор на МКЦК Роберт Мардини.

    МКЦК обезбедува поддршка за околу 33 болници за да продолжат да работат, плаќајќи ги платите на медицинскиот персонал, доставува гориво за амбулантите и обезбедува храна за пациентите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img