More

    Цимерката на транс девојката откри што се случило непосредно пред грозоморното злосторство

    spot_img

    Ана Марија Павловиќ, цимерка на Ноа Миливојев (18), присуствуваше на погребот на нејзината пријателка во Ковиље. Потресена од болка, таа ги раскажа деталите за врската меѓу транс девојката и убиецот и откри дека видеото што се појавило на Тик-Ток може да биде мотив за страшното злосторство.

    – Не ми кажа дека ја малтретирал, туку дека ја терал да се дрогира и слични глупости кои воопшто не сѐ за неа – вели Павловиќ во изјавата.

    Последен пат ја видела Ноа на 17 јуни

    Таа за медиумите изјави дека последен пат ја видела Ноа на 17 јуни.

    – Се подготвував да излезам во клуб, а таа отиде кај своето момче. Секогаш ми велеше да ѝ ја отклучам вратата 20 минути пред да се врати од кај нејзиното момче. Меѓутоа, ја немаше два дена и морав да го пријавам нејзиното исчезнување во полиција – се присетува таа.

    Ана Марија наведува дека во меѓувреме ѝ пишала на Ноа, но немало одговор.

    – Ѝ напишав на неа и на нејзината мајка. Нејзината мајка пријавила дека исчезнала во Нови Сад и така започнала потрагата. Кога ја најдоа бев во шок. Прво слушнав дека е обесена со сајла, па дури потоа била исечеа на парчиња – вели таа.

    Како што понатаму објаснува, Ноа никогаш не кажала дека Огњен физички ја малтретирал, ниту ги покажала пораките што тој ги праќал.

    – Тие се запознаа на мрежа за запознавање, а не на Тик Ток – рече Ана Марија.

    Можен мотив за убиството

    Ана Марија истакна дека Ноа „најверојатно до убиството ја довел Кенгур“, односно млад човек кој на социјалните мрежи објавил експлицитно видео од нив двајца.

    – Факт е дека Огњен бил љубоморен, тоа го направил од љубомора бидејќи видел видео на Тик Ток, што прави таа со Кенгур. Тоа е единственото нешто што го знам. Знаев дека отишла со Кенгур, тоа ми го кажа. Мислев дека Кенгур е во ред, но кога го видов тоа во живо, не се чувствував добро. Се беше во ред помеѓу Огњен и неа неколку дена, а потоа, еве што се случи – изјави таа.

    На прашањето по што ќе ја памети Ноа, Ана Марија со солзи во очите кратко рече: „По нејзината душа“.

    – Никогаш не сум го запознала Огњен, никогаш не би сакала да го запознаам. Од сликите јасно се гледа дека е убиец. Таа беше лудо заљубена, не сакаше никого од нас да запознае со него – рекла Павловиќ.

    Ана Марија истакна дека Ноа додека живеела со неа воопшто не користела дрога.

    – Кога отиде кај него, секој ден доаѓаше дрогирана. Кога живееше со мене беше нормална, кога се враќаше од кај него, беше никаква – рекла таа.

    Да потсетиме, Ноа Миливојев исчезна на 17 јуни, кога отиде да се сретне со своето момче, а нејзиното распарчено тело беше пронајдено на 5 јули во стан во центарот на Белград.

    Мајката на Ноа постојано се обидувала да го пронајде своето дете, кое пред исчезнувањето и кажало дека оди кај своето момче во Белград. Оттогаш и се изгуби секоја трага, а семејството беше многу загрижено бидејќи немаше поим каде може да биде.

    Според неофицијални информации, делови од нејзиното тело биле пронајдени во кофи и торби, а на лице место има пет полициски патроли.

    Убиецот веднаш бил уапсен и признал сѐ, но набрзо ја променил одбраната и изјавил дека не се сеќава кога и како ја убил Ноа. Во обвинителството се бранеше со молчење.

    Според зборовите на сосетката на убиецот, тој важел за проблематичен млад човек, а често го гледале со различни девојки. Таа додава и дека ја видела Ноа пред две недели.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img