More

    ЦИК тестира нови методи за избори: Отпечаток од прст на гласачот и онлајн внесување резултати

    spot_img

    Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина денеска го ретстави тест-проектот за воведување нови технологии за избори во БиХ. Тестирањето ќе се врши на 165 избирачки места во 10 општини и градови. Станува збор за систем на електронска идентификација на гласачите преку отпечатоци од прсти и систем на онлајн внесување и брзо пренесување на резултатите од избирачкото место до главниот сервер на Централната изборна комисија.

    На секое избирачко место треба да има по еден iPod уред во кој ќе се внесуваат резултатите од гласањето, кој автоматски ќе се чува во главниот сервер на Централната изборна комисија.

    „Нашите очекувања се големи. Ова е првпат дигиталните технологии да се тестираат на избирачко место. Искуствата во соседните земји покажаа дека е важно да се спроведе тестирање и да се идентификуваат можните тешкотии“, рече Суад Арнаутовиќ, претседател на ЦИК.

    Тој посочи дека од 2016 година нема суштински промени во однос на дигитализацијата. Системот го развила шпанска компанија која престојувала во Босна и Херцеговина 15 месеци и го „скенирала“ целиот процес и во ЦИК и во општинските комисии и избирачките одбори. Изготвен е клучен документ, Стратегија и акционен план за подобрување на интегритетот, транспарентноста и ефикасноста во изборниот процес на БиХ, кој, како што вели Арнаутовиќ, се уште не е разгледан од властите. Проектот е направен во партнерство со Делегацијата на ЕУ во БиХ и IDDEEA.

    „За мали чекори ЦИК се потпира на помошта на донаторите, пред се Делегацијата на ЕУ, ОБСЕ и други. Овој проект за нас е голема новина“, рече Арнаутовиќ.

    Тој посочи дека со ова (скенирање на отпечатоци) ќе биде оневозможено истиот гласач да гласа два пати или наместо некој друг.

    Вториот дел од тестот, рече тој, треба да го забрза процесот на прибирање на резултатите од гласањето, да спречи измами и неправилности, но и да ја намали администрацијата.

    „Со ова ќе се забрза првото неофицијално објавување на резултатите од гласањето“, додаде Арнаутовиќ.

    Кога станува збор за опцијата за електронско гласање или скенирање на гласачките ливчиња, Арнаутовиќ рече дека ваква одлука донело Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина.

    Јохан Сатлер, шеф на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, рече дека внимателно ќе го следи спроведувањето на овој проект.

    Ариф Наниќ, директор на IDDEEA, рече дека се горди што се дел од овој проект и дека улогата на IDDEEA во овој проект е клучна.

    За реализација на работата се задолжени две компании од Мостар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img