More

    Цените на нафтата минатата недела паднаа на најниско ниво во последните три недели

    spot_img

    Цените на нафтата минатата недела паднаа на најниско ниво во последните три недели.

    Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 7,8 отсто, на 79,94 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 7,9 отсто, на 73,39 долари.

    Цените паднаа втора недела по ред главно поради загриженоста на трговците за забавување на растот во западните економии, бидејќи централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки за да ја ограничат инфлацијата.

    Минатата недела, американската ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за дополнителни 0,25 процентни поени, на највисоко ниво од 2007 година, додека британската и европската централна банка ја зголемија цената на парите за по 0,50 процентни поени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img