More

    Цената на пченицата на фјучерси во САД денес скокна на максимум во последните 14 години

    spot_img

    Цената на пченицата на фјучерси во САД денес скокна на максимум во последните 14 години.

    Ова се должи на невидената побарувачка на увозниците кои се обидуваат да обезбедат испораки по затворањето на пристаништата во Украина и прекинот на испораките од Русија.

    Украина и Русија учествуваат со околу 29 отсто во вкупниот светски извоз на пченица, пишува Ројтерс.

    Цената на пченицата на берзата во Чикаго денес изнесува 11,34 долари за буше

    Војната во Украина ги загрозува глобалните резерви на жито, бидејќи резервите на големите извозници како САД и Европската унија се намалуваат, што ја поткопува нивната способност да интервенираат во време на криза.

    Залихите на големите извозници на пченица – ЕУ, Русија, САД, Канада, Украина, Аргентина, Австралија и Казахстан – ќе паднат на деветгодишно најниско ниво од 57 милиони тони до крајот на сезоната 2021/22, според Меѓународна агенција за житарки (IGC).

    Тие сега учествуваат со само една петтина од глобалните резерви, што е доволно да се нахрани светот за само 27 дена, наспроти проценетата светска потрошувачка од 781 милион тони.

    Исто така, постои загриженост дека актуелната криза може да ги спречи земјоделците во Русија и Украина да сеат житни култури оваа пролет, што би извршило уште поголем притисок врз глобалните резерви.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img