More

    Трошоците на живот во август во однос на јули годинава се зголемени за 1,3 отсто, а цените на мало за 0,6 отсто

    spot_img

    Трошоците на живот во август во однос на јули годинава се зголемени за 1,3 отсто, а цените на мало  за 0,6 отсто.  Во август годинава во однос на истиот месец лани трошоците на живот се зголемени за 16,8 отсто, а цените на мало за 14,2  отсто, објави Државниот завод за статистика.

    На годишно ниво, според податоците на ДРЗ храната поскапела за 25,9 отсто. Најмногу поскапеле маслото и маснотиите за дури 46, 7 отсто. Лебот и житата поскапеле за 44, 1 отсто, млекото сирењето и јајцата за 26,9 отсто, месото за 23,3 отсто, а шеќерот медот, чиколадата и кондиторските производи за 22,6 отсто, кафето, чајот и какаото за 17,7 отсто..

    Просечното поскапување на електрична енергија, гаотс и други горива изнесува 20,6 отсто. Само гасот поскапел за 43 3 отсто, топлинската енергија за 30,1 отсто, а горивата за 45 отсто. Поскапеле и здравствените услуги и транспортот.

    Статистика забележа пораст на индексите на трошоците на животот во август, во споредба со јули годинава.Кај лебот и житата зголемувањето е за  6,4 отсто, свежото и разладеното овошје за 3,8 отсто, млекото за 3,6 отсто, месото за 2,5 отсто, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1,8 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,4 отсто, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 1,3 отсто, пивото за 1,2 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,6 отсто, рибата и морските плодови, кафето, чајот, какаото за 0,3 отсто.

    Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 27,6 отсто, централното греење за 14,2 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 12,4отсто, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 6,4 отсто, другите печатени материјали за 5,8 отсто, рестораните, кафулињата и слично за 3 отсто, цврстите горива за домаќинствата за 2,8 отсто, патниот патнички транспорт за 2,6 отсто, производите за домаќинставата-нетрајни за 2,5 отсто, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2,2 отсто, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето за 1,8 отсто, поправката на аудио-визуелната, фотографската и информатичката опрема за 1,5 отсто, моторните возила за 1,4 отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0,9 отсто, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, електричните апарати за лична хигиена, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,8 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,7 отсто, мебелот и покуќнината за 0,4 проценти, фармацевтските производи, градините, растенијата и цвеќињата, другите лични предмети за 0,3 отсто, облеката, поправките и изнајмувањето на обувките, поправката на апаратите за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци, другите медицински производи, другите услуги за опремата за сопствен превоз, услугите за култура, накитот, часовниците и рачните часовници, другите финансиски услуги неспоменати на друго место за 0,2 отсто.

    Намалување на трошоците на животот во август во споредба со јули годинава е забележано кај маслото и маснотиите за 4,1 отсто.

    Во август, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 10,9 отсто, течните горива за домаќинствата за 10,3 отсто, воздухопловниот патнички транспорт за 5,3 отсто, информатичката опрема за обработка на податоците за 3,1 отстот, туристичките аранжмани за 2,9 проценти, чевлите и другите обувки за 2,3 отсто, игрите, играчките и хобијата за 1,5 отсто, гасот за домаќинствата за 1,4 проценти, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1,1 отсто, велосипедите за 0,8 отсто, теписите и другите подни покривки за 0,6 отсто, книгите за 0,3 отсто, големите алатки и опремата, терапевтските помагала и опремата за 0,2 отсто.

    Минатиот месец ДЗС регистрираше годишен раст на трошоците на живот од 16 отсто, а од 1,9 отсто на месечно ниво. Цените на мало, пак, забележаа зголемување од 14 отсто во јули годинава споредено со јули лани, а за 2,5 отсто во однос на јуни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img