More

    Толку „тежат“ побарувањата од арбитражните постапки што се водат против Македонија

    spot_img

    Во арбитражните постапки кои што во моментов се водат против Македонија во меѓународните институции од државата има побарувања од вкупно 1,36 милијарди евра, при што станува збор само за основицата, без затезни камати, кои по правило се предмет на споровите пред арбитражните судови и со кои овој износ се искачува на фантастични над 1,5 милијарди евра. Ова го соошти денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, посочувајќи дека Владата прави сѐда го заштити интересот на државата.

    На оваа листа влегуваат споровите на „Кунико ресорсис“ од Холандија за „Фени индустрис“, две постапки од индиски „Бинани“ во врска со рудникот „Злетово“, на „Хеленик Петролеум“ за „Окта“, постапката на Блажо Тасев против државата за рудникот „Саса“, потоа на повеќе украински инвеститори во врска со рудникот „Казандол“, како и на турски „Гама Гуч“ за „Те-То“ како и спорот на италијанската компанија „Инсо системи“ во врска со изградбата на Клиничкиот центар во рамки на комплексот „Мајка Тереза“ во Скопје.

    Во три случаи постапки државата излегле како победник, но пет постапки се уште се водат и повеќе од изгледно е дека најмалку во две ќе мора да се плати штетата. Станува збор за процесот каде италијанската компанија која беше избрана да го гради клиничкиот ценатр „Мајка Тереза“, но договорот беше раскинат и штетата коа ја побарува е 18 милиони долари и процесот каде „Хеленик петролеум“ доби оштета од 21 милион евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img