More

    Тифани Трамп и нејзиниот сопруг милијардер Мајкл Булос, првиот танц на венчавката го танцувале на песната „Dancing in the Moonlight“

    spot_img

    Тифани Трамп и нејзиниот сопруг милијардер Мајкл Булос, првиот танц на венчавката го танцувале на песната „Dancing in the Moonlight“.

    Ова го открија снимките и фотографиите кои се појавија на нивните инстаграм-профили.

    По церемонијата, Тифани реши да ја смени венчаницата, па вечерта облече лелеав бел фустан и дијамантски ѓердан, додека нејзиниот нов сопруг остана во црн костум со машна.

    Во еден момент сите им се придружија на Тифани и Мајкл на подиумот, вклучувајќи го и таткото на невестата, Доналд Трамп. Поранешниот американски претседател танцуваше со сопругата Меланија додека се слушаше песната „Strangers in the Night“ од Френк Синатра.

    Било забележано и Трамп како ѝ шепоти нешто на увото на својата сопруга пред да ја бакне во образ.

     

    Да потсетиме, помладата ќерка на Доналд Трамп во саботата се омажи за 25-годишен милијардер. Венчавката се одржа на имотот Мар-а-Лаго на Флорида, а невестата носеше венчаница дизајнирана од познатиот моден дизајнер Ели Саб.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img