More

    Телескопот Евклид ќе се обиде да расветли две големи мистерии на универзумот

    Европскиот вселенски телескоп Евклид се уште е во стерилна просторија во Кан, а за неколку месеци ќе оди во вселената за да се обиде да ги расветли двете големи мистерии на Универзумот – темната материја и темната енергија.

    Тие два елементи, теоретски и невидливи, сочинуваат 95 отсто од универзумот, но речиси ништо не се знае за нивната точна природа.

    Шефот на мисијата, Џузепе Рача, недостигот на знаење за ова го опишува како „космичка непријатност“.

    Се верува дека темната материја објаснува зошто, меѓу другото, галаксиите не се распрснуваат во ѕвездени јата. Што се однесува до темната енергија, нејзиното постоење е неопходно за да се објасни забрзаното ширење на универзумот.

    Во обид да се отстрани превезот од овие мистерии, мисијата на Европската вселенска агенција (ESA) ќе создаде тродимензионална мапа на универзумот, која вклучува две милијарди галаксии, но само една третина е видлива за луѓето.

    Третата димензија на мапата ќе биде времето. Евклид ќе нурне во далечното минато на универзумот, создадено пред 13,8 милијарди години.

    Леталото тешко два тона, високо 4,7 метри и широко 3,5 метри, неодамна за прв пат беше претставено пред новинарите во чиста, стерилна просторија на вселенската група Thales Alenia во Кан.

    Телескопот сè уште треба да помине низ неколку тестови пред да пристигне во Кејп Канаверал, во американската сојузна држава Флорида.

    Неговото лансирање од 1 до 30 јули треба да го обезбеди компанијата SpaceX. Првично планираниот лет на руската ракета Сојуз беше откажан поради санкциите против Русија поради нејзината инвазија на Украина.

    Евклид ќе се наоѓа блиску до вселенскиот телескоп Џејмс Веб, на милион и пол километри од Земјата, што ќе му гарантира постојана изложеност на сонце со соларни панели.

    Неговите први слики се очекуваат во октомври, но ќе биде потребно многу подолго за какви било откритија, по анализата на планината од податоци што ќе ги обезбеди Евклид.

    Мисијата вредна една и пол милијарда евра треба да трае до 2029 година, а можеби и подолго доколку неочекувано се дознае нешто повеќе за универзумот, рече Рача.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img