More

    Таткото во очај, ни трага од неговиот син кој излета во Вардар

    spot_img

    Сѐ уште нема никаква трага од 22-годишниот кумановец Е.Р. кој вчера падна во реката Вардар, близу Желино, тетовско. Таткото на момчето, Насер Рамадани веднаш откако дознал допатувал од Австрија, но вели дека не е задоволен од досегашната работа за пронаоѓање на син му.

    – Бев на печалба во Австрија, телефонски дознав од брат ми. Воопшто не сме задоволни од тоа како се врши потрагата. Од вчера и браќата бараат, синовите на браќата дојдоа од печалба, но ништо. Од 5 часот наутро сме тука, нема ништо. Сам бил во автомобилот. Отиде во Тетово поради последниот семестар, требаше да заврши социологија – изјави Насер Рамадани за ТВ21.

    Од тетовската Противпожарна единица, која исто така е вклучена во потрагата заедно со полицијата, велат дека се активни уште од раните утрински часови, но дека акцијата е отежната поради нивото на водата.

    – Втор ден е. Екипите на ТППЕ се на терен уште од утрово, како и екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и полицијата. Правиме напори за евентуално пронаоѓање на телото на жртвата која излета и падна во реката Вардар. Нивото на водата е исто како вчера, и уште повеќе ни ја отежнува потрагата по телото. Станува збор за само едно лице и сите се тука со нас за да го пронајдеме телото на жртвата – вели Авни Ахмети.

    На терен се и жителите на Желино и приватни компании. Иако поминаа повеќе од 30 часа, сѐ уште нема ни траг ни глас од момчето кое падна во Вардар со автомобил „Голф 4“ со кумановски регистарски таблички. Кога автомобилот беше изваден од водата, во него немаше никој. Се сомнева дека телото е однесено од речните струи, а се дознава и дека во возилото немало сопатници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img