More

    Сунак на сопартијците им вети дека ќе им служи со интегритет и понизност

    spot_img

    Велика Британија се соочува со сериозни економски предизвици и има потреба од стабилност и единство, изјави денеска Риши Сунак, во својот прв јавен говор откако беше прогласен за лидер на владејачката Конзервативна партија и иден премиер.

    – Нема сомнеж дека се соочуваме со голем економски предизвик – рече Сунак.

    Тој истакна дека на Британија сега и треба стабилност и единство и оти негов приоритет ќе биде да ги зближи Конзервативната партија и земјата.

    – Се колнам дека ќе ви служам со интегритет и понизност – изјави Сунак.

    Тој додаде дека континуирано ќе работи во корист на британскиот народ.

    Сунак рече дека му е чест што ја има поддршката од своите колеги пратеници и што е избран за лидер.

    – Најголемата привилегија во мојот живот е што можам да и служам на партијата што ја сакам и да и вратам на земјата на која и должам толку многу, нагласи тој.

    Сунак во говорот и одаде признание на Лиз Трас за нејзиното достоинствено лидерство во тешки околности во странство и дома.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img