More

    Студентите бараат на ректорите да им се одземе апсолутната и долговечна власт

    spot_img

    Создавање независен одбор кој ќе го мери успехот на државните универзитети, побара денеска на прес-конференција Форумот за образовни промени (ФОП). Целта е да се демонополизира високото образование преку спречување на избор на ректори кои, како што велат, се покажаа како неспособни за квалитетно вршење на својата функција.

    Kако што посочи Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени, студентите бараат политиката да ги држи рацете подалеку од изборниот процес за ректор на државните универзитети во Северна Македонија. Наместо тоа, лидерите на образовните институции да им служат само на студентите, а не на политичките актери.

    – Потребно е да се запре практиката на избор на ректор од одредена група која е затворена во некоја просторија на универзитетските кампуси. Кандидатите за ректор треба да ја претстават својата програма и стратегија за развој на Универзитетот пред студентите и пред професорите – додаде Ходаи.

    Оваа декларација со наведените барања е потпишана од неколку невладини организации, како што е Форумот за образовни промени, Национален младински совет на Македонија, Центар за едукација и равзој, Организација за дигитализирање на образованието, Центар за еднакви можности „Бубамара“, Здружение за мултикултурна интеграција „Инклузија“ и од Здружението за одржлив развој „Сфера интернешенел“.

    Според Ходаи, државните универзитети во Северна Македонија мора да бидат транспарентни и квалитетни.

    – Во последните години сите сме сведоци на континуирана деградација на образованието, особено на високото образование во нашата држава. Ова може да се потврди врз основа на релевантни меѓународни институции, ангажирани во мерењето на квалитетот на универзитетите. Универзитетите од нашата земја со години се рангирани во најниските места според светските листи – рече Ходаи.

    Тој посочи дека еден од најзагрижувачките фактори, според Форумот за образовни промени, останува тенденцијата и апетитот на некои луѓе на чело на овие институции, поточно на ректорите, да ги приватизираат универзитетите.

    – Целта им е во ниту еден момент да не им биде загрозена апсолутната и долговечна власт што ја имаат во институциите што ги водат, која без сомнение е обезбедена преку различните врски со политичките експоненти. На овој начин управуваат со високите образовни институции без притоа да имаат поставено јасни визии и развојни стратегии за универзитетите, при што повеќе од половина од ректорите на државните универзитети во земјава се над два мандата на функцијата, додека пак дел од другите се околу десет години – додаде Ходаи.

    Тој појасни дека како претставници на граѓанскиот сектор, сметаат оти образованието е столб на едно општество, и како такво треба да го има сето внимание на институциите и останатите фактори и чинители на општеството.

    Тој наброја дел од државните универзитети каде ректорите се долго време на функцијата, и според него, вршат деградација на институцијата која што ја водат.

    – Еден од овие универзитети е Универзитетот во Тетово, каде на позиција ректор истиот човек е речиси десет години, на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде на иста позиција седи иста личност повеќе од шест години, но и универзитетите во Штип и во Битола, каде на оваа позиција е ист човек повеќе од пет или шест години – додаде Ходаи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img