More

    Стотици жени од Данска објавија видеа на кои танцуваат и се забавуваат на социјалните мрежи во знак на поддршка на финската премиерка Сана Марин

    Стотици жени од Данска објавија видеа на кои танцуваат и се забавуваат на социјалните мрежи во знак на поддршка на финската премиерка Сана Марин, која со денови е во центарот на вниманието откако се појави видео на кое се гледа како таа танцува на приватна забава.

    Снимките на кои жените танцуваат и уживаат со пријателите се објавени под хаштагот „Солидарност со Сана“. Тие се појавија откако протекоа видеа на кои Марин пее и танцува на забава со пријатели, по што беше критикувана за нејзиното однесување, па дури и беа поставени прашања околу способноста да ја извршува функцијата.

    Критичарите на Сана велат дека видеата покренуваат прашања за нејзиното лично и политичко расудување. Премиерката, пак, ги оспори тврдењата дека се дрогирала на забавата и открила дека направила тест за дрога, чии резултати наскоро ќе бидат објавени.

    По бурните реакции на финската јавност, Сана изјави дека не прави ништо друго освен „танцува, пее, гушка пријатели и пие алкохол“.

    – Се надевам дека во 2022 година ќе биде прифатено дури и оние кои носат важни одлуки да играат, да пеат и да одат на забави – рече Марин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img