More

    Стотици хулигани на Прајд се судрија со полицијата. Брнабиќ: Горда сум!!!

    spot_img

    И покрај забраната, учесниците на Еуропрајд најавија дека денеска ќе се соберат во Белград и ќе прошетаат низ центарот на градот. Прошетката, која првично беше забранета, но на крајот беше дозволена, започна во 17 часот и 30 минути.

    Улиците во центарот на градот веќе беа затворени околу пладне, а десничарските активисти потоа предизвикаа серија инциденти и се судрија со полицијата. Од нив беа приведени повеќе од 30, меѓу кои и православен монах.

    Брнабиќ на прес: 5.200 полицајци биле ангажирани во Белград
    Српската премиерка Ана Брнабиќ одржа вонредна прес-конференција и зборуваше за денешната Европрајд во Белград, која беше одбележана со десничарско насилство и напади врз полицијата.

    „Немаше голем број инциденти и голем број луѓе кои направија инциденти, беа сузбиени во најкус можен рок. Сакам да ги информирам сите наши граѓани дека на улиците на Белград беа ангажирани околу 5.200 полицајци. Имавме два конфликти, едниот беше со групи на Славија и конфликт со групи во паркот Караѓорѓев. Во двата случаи полицијата реагираше навремено и го реши проблемот“, рече Брнабиќ.

    „Покажавме дека сме сериозна земја, која одржува ред, која верува во своите институции, но и ги почитува правата на сите граѓани. Се справивме со се што се случи на најдобар можен начин. Завршивме со оваа тема и ставивме крај се свртуваме кон поголеми теми рече Брнабиќ.

    „Полицијата брилијантно си ја заврши работата, горд сум на фактот што во ниту еден момент не се посомневавме дека може да има пошироки инциденти. Во ниту еден момент немаше криза од пошироки размери“, изјави српскиот премиер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img