Сојузниците во НАТО ќе реагираат доколку Русија се обиде да изврши каков било притисок врз Шведска или Финска пред тие да станат полноправни членки на алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесе АП.
Столтенберг денеска се сретна со шведскиот премиер Улф Кристерсон.
Во оваа прилика тој уште еднаш ја изрази својата поддршка за прием на оваа земја, но и на соседна Финска, во НАТО алијансата.
„Незамисливо е сојузниците да не реагираат доколку Шведска или Финска се под некаков притисок од Русија“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон.
Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО, потег директно поврзан со руската инвазија на Украина.