More

    Стојанче покажа како граѓаните бркаат мечка

    spot_img

    Стојанче Ангелов, претседателот на Центарот за управување со кризи, на Фејсбук објави видео во кое се гледа како граѓаните на село Жировница бркаат мечка со батериска ламба низ улиците. „Ајде, ајде“ и „а,а“ се слуша додека мечката бега, а по неа се затрчуваат и кучиња.

    Под видеото Ангелов напиша:

    „Вечерва низ тесните улички на с. Жировница…Проблемите и опасностите секогаш изгледаат поедноставно кога се гледаат од безбедна далечина на ТВ, лаптоп или мобилен телефон“.

    Владата на седница во вторникот донесе превентивни мерки во врска со проблемот со мечките во Маврово. Освен мерката да се дохрануваат на посебни хранилишта надвор од населените места, Владата одлучи навреме да се чисти сметот од ѓубре кое ги привлекува мечките во деловите каде живеат луѓе, а објектите за одлагање комунален отпад да имаат метална ограда.

    Мерката ги задолжува локалните власти и јавната установа Национален парк Маворово да сораоботуваат и да ги чистат депониите, улиците и патиштата, да ги проверуваат придружните објекти со храна, да ги обезбедуваат имотите, да користат стандардизирани методи за заплашување и одвраќање на мечките во соработка со државните органи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img