More

    Средба на министерот за финансии со Мисија на СБ – Подготвуваме решенија за инвестиции на компаниите во зелена и дигитална трансформација

    spot_img

    Министерството за финансии заедно со Светска Банка работи на воспоставување инвестициски фондови во земјава за поддршка на компании во сферата на зелената и дигитална трансформација. Решенијата кои се во фаза на подготовка, а се дел од нацртстудијата подготвена од нивна страна, беа дискутирани на средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со Мисијата на Светска банка за иновации и конкурентност предводена од Масимилијано Паолучи, постојан претставник на СБ во земјава.
    Станува збор за инвестициски фонд за микро, мали и средни претпријатија за инвестиции за зелена и дигитална трансформација во ФИТР, како и стратешки инвестициски фонд за поддршка на инвестиции во ТИРЗ и инфраструктурата во зоните.
    Воспоставувањето на овие фондови произлегува од потребата за финансиска поддршка на компании кои се во фаза на основање и компании на кои им требаат средства за развој, но не можат да ги обезбедат во традиционалниот банкарски сегмент, како и за инвестиции на компаниите во проекти за намалување на штетното влијание врз животната средина и енергетската ефикасност.
    Инвестициите во иновации, нови производи, дигитална трансформација, проширување на нови пазари, модернизација на опремата, подобрување на продуктивноста и воведување еколошки стандарди во производството ќе придонесат за закрепнување на претпријатијата во пост-ковид периодот и придонес кон забрзан економски раст.
    Двата фонда се дел од предвидените финансиски инструменти во Планот за забрзан економски раст на Министерството за финансии, со кој ќе се поддржат инвестиции од јавниот и приватниот сектор, а во насока на достигнување просечни годишни стапки на раст од над 5 %. Приоритетни области се подобрување на конкуреноста на економијата и подобрување на квалитетот на живот, а се насочени во повеќе приоритетни области како што се зелена економија, дигитализација, иновации и технолошки развој, развој на физичка инфрастуктура и човечки капитал, како и социјална кохезија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img