More

    Србинот го прекина тренингот и ѝ помогна на постара дама со куферот

    spot_img

    Новак Ѓоковиќ повторно е хит на интернет откако се појави видео од него во Париз, како го прекинува трчањето во парк, за да ѝ помогне на жена која се мачи со своите куфери.

    Тоа го снимил и го објави случаен минувач, а видеоснимката предизвика лавина коментари. Многумина се шегуваа дека посакуваат и тие да се најдат во таква ситуација, но за луѓето, ова не е ништо невообичаено.

    „Во ваква ситуација, тој веројатно и мене би морал да ме носи, бидејќи јас би се онесвестила од возбудата“, „Тоа е нашиот Новак. Ова воопшто не е изненадувачки од него, во неговата природа е да им помага на другите”, „Колку е грижлив!” – гласат дел од коментарите на обожавателите.

    Новак Ѓоковиќ е во Париз каде што ќе учествува на Мастерс-турнирот „Ролакс Париз” што почнува на денеска и ќе трае до 6 ноември. Ѓоковиќ како шести носител се надева на седмата титула на овој турнир.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img