More

    Србија протестира и се повикува на потпишаните договори

    spot_img

    Државниот секретар на српското Министерство за одбрана Немања Старовиќ денеска изјави дека Турција интензивно работи на вооружување, обука и опремување на косовски безбедносни сили, што е во спротивност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, како и со Бриселскиот и сите други релевантни договори – јави дописникот на МИА од Белград.

    – Секако, ние интензивно ги следевме сите овие процеси, нашите агенции кои се одговорни за ова, со месеци детално известуваа до државниот врв, за се што се случува, и секако, согласно тоа, користејќи дипломатски канали, ние ги предупредивме претставниците на Турција дека ова што се случува е апсолутно неприфатливо. Тие секако, зборуваат за тоа дека се работи за некакви комерцијални аранжмани, за распродажби, изјави Старовиќ за РТС.

    Тој нагласи дека се работи за вооружување што не е дозволено за Косово и таквото оружје не смеат да поседуваат Косовските безбедносни сили.

    – Од друга страна, врз основа на сето она што го знаеме, имајќи го предвид буџетот што се издвојува за т.н на Косовските безбедносни сили, тие немаат пари за такво нешто и не може да стане збор за комерцијални аранжмани и сосема е сигурно дека се работи за турски донации – рече Старовиќ и додаде дека дроновите „Бајрактар“ јавно ги презентирал Албин Курти со што сега на сите им е познат тој факт.

    Според Старовиќ, не станува збор само за беспилотните летала од типот Бајрактар, туку и за многу сериозни, софистицирани противоклопни системи ОМТАС, минофрлачи и фрлачи на гранати.

    – Затоа, тоа го подига нивото на ризици и закани, пред се кон српското население што живее на Косово, но и кон Република Србија во целост, кажа Старовиќ и посочи дека тоа не е причина за паника, туку дека станува збор за кршење на меѓународното право за што, Белград има адекватни одговори.

    Старовиќ рече дека некој треба да одговори на прашањето како е можно 24 години по завршувањето на војната, по усвојувањето на резолуцијата 1244, воено-техничкиот договор од Куманово, наместо демилитаризација на Косово, да имаме косовски безбедносни сили опремени со високо офанзивна опрема.

    Старовиќ истакна и дека Турција е голема сила која има значително политичко и економско влијание на Западен Балкан и дека Србија мора да има добри односи со неа.

    – Ги користиме сите достапни канали за да го предупредиме нашиот партнер од Турција дека тоа за нас е неприфатливо, а она што особено загрижува е фактот што Турција ќе ја преземе командата на КФОР за неколку месеци, наесен оваа година. За прв пат, по формирањето на мисијата на КФОР – изјави Старовиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img