More

    Соопштение по одржаната 35. седница на Уставниот суд

    spot_img

    Уставниот суд на 3.10.2023 година  ја одржа 35. седница за 2023 година и го одлучи следното:

    1.Реферат У.бр.94/2023

    Се отфрла иницијативата за оценување на:

    член 24 став 1 од Законот за измена и дополнување на Законот за здолжително капитално финансирано пензиско осигурување во делот „или во текот на осигурувањето имале стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење”.

    -Член 1 точка в од Правилникот за пренос на средства по престанок на членство во задолжителен пензиски фонд во делот „или во текот на осигурувањето имале стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење”.

    -Член 7 став 1 од Правилникот за пренос на средства по престанок на членство во задолжителен пензиски столб во делот „или во текот на осигурувањето имале стаж на осигурување кој се смета за зголемено траење”.

    -Член 7 став 2 од Правилникот за пренос на средства по престанок на членство во задолжителен пензиски столб во целост.

    Подносител на иницијативата:  Синдикална организација на Самостоен Синдикат М-НАВ застапувани од адвокат Хари Ајцев

    1. Реферат У.бр.81/2023

    Се поведува постапка за делот „јавно” од членот 41-а став 1 и по сопствена иницијатива Судот поведува постапка и за делот „јавното” од член 41-а став 3.  Судот изрази сомнеж дека со овие термини се воспоставува различен третман на учениците од средното образование во однос на стекнување на правото за користење на бесплатен превоз на учениците од јавните и од приватните училишта, односно се поставува прашањето на неговата согласност со член 9 став 2 и член 44 став 2 од Уставот, кои предвидуваат дека граѓаните пред Уставот и законите се еднакви, како и дека уставно е загарантирано постоење на еднакви услови за достапност на образованието. Судот одлучи да не поведе постапка за став 2 од член 41-а.

    Подносител на иницијативата:  Лука Павиќевиќ

    1. Реферат У.бр.136/2023

    Се отфрли иницијативата за оценување на член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, бидејќи Судот веќе се има произнесено по ова прашање.

    Подносител на иницијативата:Љупчо Георгиевски преку адвокат Насер Рауфи

    1. Реферат У.бр.3/2023

    Не се поведува постапка за оценување на уставноста на:

    Одлука со која се утврдува нивото на гравитирање на јавните паркиралишта, катни гаражи и јавни површини наменети за паркирање на привилигирани категории корисници,  јуни 2022 година од Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски паркинг-Скопје

    – Одлука за дополнување на одлуката со архивски број 02/134/6 од 28 февруари 2020 година донесена од Управниот одбор на 2 јуни 2022 година.

    Подносител на иницијативата: м-р Младен Трајков

    1. Реферат У.бр.110/2023

    Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката бр.07-9331/10 од 10.12.2012г. за изменување и дополнување ДУП Буњаковец 2, плански период 2011-2016. По спроведената уставно-судска анализа и прибавената документација за овој предмет Судот оцени дека наводите во иницијативата се неосновани. Оспорената одлука е донесена во согласност со тогаш важечкиот Закон за просторно и урбанистичко планирање. Наводите се неосновани особено од аспект на законските решенија со членовите 22, 23, 31 и член 35 од Законот за урбанистичко планирање кој сега е дел од правниот поредок.

    Подносител на иницијативата: Сузана Јошевска, адвокатка и Граѓанска иницијатива „Шанса за Центар”.

    1. Реферат У.бр.102/2023

    Се поведува постапка за Упатството за доставување податоци и информации за платежната статистика. Судот изрази сомнеж дека оспорениот акт е во спротивност со Уставот, односно со член 52 од Уставот, кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.

    Доносител на актот: Народна банка на Република Северна Македонија

    Подносител на иницијативата: Министерство за правда на Република Северна Македонија

    Напомена: Ова соопштение содржи куси информации во врска со одлученото и дел од образложенијата за предмети за кои има интерес во јавноста. Целосните одлуки и решенија Судот ќе ги објави дополнително.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img