More

    Сондата Чандријан 3 успешно слета на Масечината

    spot_img

    Индиската лунарна сонда „Чандрајан 3“ успешно слета во близина на јужниот пол на Месечината, со што оствари историски подвид. Научниците сега се надеваат дека ќе го наместат роверот за испраќање слики и податоци назад на Земјата, јави Би-би-си.

    Индија стана првата земја која успешно спушти вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината, што ќе овозможи да се истражи дали има воден мраз на земјениот сателит.

    – Ова е многу важно за кумулативните податоци и за науката за геологијата на Месечината – изјави Карла Филотико, партнер и управен директор на консултантската фирма SpaceTec Partners.

    Премиерот на Индија Нарендра Моди го следеше настанот од Јужна Африка, каде што присуствува на самитот на БРИКС. Со насмевка и огромно задоволство го поздрави овој светски подвиг на Индија која има една од најнапредните вселенски програми во светот.

    За Индија успешното слетување на Месечината го означува нејзиниот подем како вселенска сила, бидејќи владата на премиерот Моди се обидува да ги зголеми инвестициите во приватни вселенски лансирања и сродни потфати.

    Ова не е прв обид на Индија да слета на Месечината. Најнаселената земја во светот доживеа неуспех во 2019 година кога вселенското летало „Чандрајан 2“ имаше проблеми при спуштањето, по што се урна на површината.

    Овој подвиг на Индија станува вотолку поголем затоа што во саботата во сличен обид Русија го загуби контактот со леталото „Луна 25“, а во неделата на 20 август објави дека се урнало на Месечината.

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img