More

    Снегот на северот на Кина ги затвори патиштата: Железничкиот сообраќај во прекин, училиштата затворени

    spot_img

    Обилните снежни врнежи синоќа со снег го затрупаа поголемиот дел од северна Кина, поради што денеска во некои делови патиштата беа затворени, железничкиот сообраќај е во прекин, а наставата во училиштата е откажана.

    Предупредувањето за црвена снежна бура беше во сила до средината на утрото во Женгжу, главниот град на провинцијата Хенан, а училиштата беа затворени во тој град и во два други града во Хенан, објави државната телевизија CCTV.

    Аеродромот Женгжу исто така беше затворен до 11 часот по локално време.

    Вкупно 134 патни делници во 12 провинции, вклучително и 95 на автопатишта, утринава беа затворени поради условите на снег и мраз, објави телевизијата. Неколку железнички линии во два дела на провинцијата Шанкси се во прекин.

    Ова е првиот поголем снег во годината за поголемиот дел од Кина, освен за планинските области на североисток во близина на границата со рускиот Сибир.

    Тенок слој снег прекри покриви и паркирани возила во центарот на Пекинг. Улиците таму се претежно расчистени, а работниците го отстрануваат преостанатиот снег од тротоарите.

    Групацијата за јавен транспорт во Пекинг соопшти дека утринава се суспендирани 187 автобуски линии. Некои линии на метрото додаваат возови за време на утринскиот шпиц, соопшти телевизијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img