More

    Слика на Кандински продадена за речиси 42 милиони евра на аукција во Лондон

    spot_img

    Ремек-делото на рускиот апстрактен сликар Василиј Кандински „Мурнау Мит Кирче II“ (Мурнау со црквата II), кое неодамна им беше вратено на сопствениците, беше продадено за речиси 42 милиони евра на аукцијата на Сотби во Лондон.

    -„Раните дела на Кандински ретко се продаваат, бидејќи повеќето од нив припаѓаат на големи музејски збирки ширум светот“, соопшти аукциската куќа, додавајќи дека сликата е продадена за 37,2 милиони фунти (41,9 милиони евра).

    Сликата претставува живописна визија на германското село Мурнау, со зашилени покриви и црковна кула. Кандински го насликал ова масло на платно во 1910 година и долго време ја украсувало трпезаријата на Јохана Маргарета и Зигберт Штерн, основачи на просперитетна текстилна компанија.

    Тој пар беше во центарот на културниот живот на Берлин во 1920-тите, бидејќи често ги посетуваа Томас Ман, Франц Кафка и Алберт Ајнштајн. Имаа импресивна колекција од околу 100 слики и цртежи кои го украсуваа нивниот ентериер.

    Штерн умрел во 1935 година, а неговата сопруга морала да побегне од прогонството, но на крајот била фатена и одведена во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц, каде што починала во мај 1944 година.

    Пред речиси десет години „Murnau Mit Kirche II“ беше идентификуван во музејот во Ајндховен, Холандија, каде што беше од 1951 година.

    Минатата година им беше вратен на наследниците на семејството Штерн кои ќе ги поделат средствата од продажбата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img