More

    Скривајќи се во бункер надвор од Москва, Владимир Путин наводно го подготвува својот следен потег и дали да користи тактичко нуклеарно оружје

    spot_img

    Скривајќи се во бункер надвор од Москва, Владимир Путин наводно го подготвува својот следен потег и дали да користи тактичко нуклеарно оружје. Така барем тврдат извори од Кремљ, пренесува Дејли Мејл.

    Се вели дека Путин, кој се подготвува да дувне 70 свеќи во петок, подготвил и список со „неопходниот минимален број“ на руски функционери и членови на нивните семејства кои ќе бидат пренесени на безбедни локации доколку употреби нуклеарно оружје, велат извори кои се добро упатени за случувањата во Кремљ.

    НАТО ги предупреди своите членки дека Русија лансираше голема нуклеарна подморница „Белгород“ со најновото оружје, кое наскоро може да го тестира. Подморницата „Белгород“ ја напушти својата база во Арктичкиот круг и можеби е на пат кон Караско Море за да го тестира подводниот нуклеарен дрон „Посејдон“, се вели во известувањето на НАТО објавено во италијанските медиуми во текот на викендот.

    НАТО потоа испрати предупредување до сојузниците дека подморницата „недостасува“, но додаде дека сепак се верува дека е на Арктикот. Не се знае точно кога е испратено предупредувањето, но првпат го објави италијанскиот весник Ла Република во неделата.

    Кремљ неодамна се обидува да им сигнализира на своите противници во НАТО дека е подготвен да мавта со својот преостанат адут, иако руската војска претрпува пораз по пораз од рацете на украинската војска.

    Висок извор од одбраната, сепак, рече дека поверојатната демонстрација на подготвеноста на Путин да користи нуклеарно оружје може да биде во Црното Море, пренесува Тајмс.

    Ваквиот потег ќе го скрши долгогодишното табу за распоредување нуклеарно оружје и ќе го постави светот на својот најсмртоносниот курс од Кубанската ракетна криза во 1963 година.

    Наводно Путин ги предупредил најблиските членови на неговото семејство, вклучувајќи ја и поранешната гимнастичарка Алина Кабаева (40), за која некои медиуми шпекулираат дека е во врска со рускиот претседател, за можноста за брза евакуација, пишува Дејли Мејл.

    Тој верува дека бункерот е безбеден од нападите на Западот, а највисоките функционери од неговиот внатрешен круг и владата ќе бидат префрлени на тајната локација, наведува каналот „General SVR“.

    Се верува дека Путин има неколку бункери во Сибир, еден поврзан со огромниот нов терминал за течност во Сабета на полуостровот Јамал и друг на планините Алтај.

    – Роднините и пријателите на шефот на државата однапред ќе бидат донесени во бункерот. Алина Кабаева со нејзините деца и нејзините две поголеми ќерки со нивните деца се предупредени на можноста за итна евакуација – пренесува каналот „General SVR“.

    Сепак, како што додаваат медиумите, не сите во раководството на Русија имаат таква среќа.

    – На пример, во случај на нуклеарна закана, Путин нареди евакуација на „неопходниот минимум“ на руски службеници. Меѓу нив се премиерот Михаил Мишуцин и претседателот на парламентот Вјачеслав Володин – пишуваат медиумите.

    Сепак, медиумите пишуваат дека на таа листа го нема поранешниот претседател на Русија Дмитриј Медведев.

    Наводната евакуација ги вклучува неговите ќерки Марија Воронцова (36) и Катерина Тихонова (35) со нивните сопрузи и деца.

    На списокот за бункерот, наводно, ги нема сенаторите, ниту Луиза Розова, позната како Елизавета Кривонога (19), за која се шпекулира и дека е ќерка на Путин, но лидерот на Кремљ никогаш не го потврдил тоа.

    На почетокот на војната во Украина, имаше и шпекулации дека Путин се повлекол во бункер во Сибир. Наводно, еден специјален бункер може да собере до 100.000 луѓе и е дизајниран тој да владее со Русија дури и во случај на Армагедон.

    Каналот „General SVR“ долго време тврди дека Путин боледува од сериозна болест, вклучувајќи рак, Паркинсонова болест и редовно емитува вести за војната.

    Сепак, тврдењата на порталот не се потврдени. Наводно, со овој канал раководи прогонетиот генерал-полковник на Кремљ, познат под алијасот Виктор Михајлович.

    Каналот тврди дека Кремљ се обидува да го забрани, но досега не успеа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img