More

    Симовски даде објаснување за графата „христијани“

    spot_img

    Попишувачот не смееше да влијае врз одговорите што ги даваа граѓаните, па ако луѓето кажале дека се христијани по религиска припадност, тогаш попишувачот е должен да ги внесе во графата „христијани“. А ако луѓето потенцирале дека се православни христијани или дека се католици христијани, тогаш нивниот одговор ќе отишол во графата „православни“ или „католици“.

    Ова за Плусинфо го објаснува директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, откако во јавноста се крена прашина поради тоа што во табелата за религиска припадност постои посебна графа „христијани“, иако постојат и графите „православни“, „католици“, „протестанти“, „адвентисти“…

    Симовски потенцира дека вината не е во попишувачите или во ДЗС, а топката ја префрла кон граѓаните за кои вели дека самите тие, случајно или намерно, не потенцирале во која група припаѓаат.

    – Многу луѓе не размислувале дека треба точно да ја потенцираат религиската припадност. Па така, ако некој е православен христијанин, тој на попишувачот му кажува дека е христијанин, без да потенцира дека е православен. А попишувачот е должен да го внесе одговорот онака како што му бил кажан. Попишувачот не смее да влегува во дебата со граѓаните и да им објаснува, односно да ги наведува каков одговор да дадат на одредено прашање. Оти, ако попишувачите се вмешале во одговорите, тоа значи дека тие влијаеле врз одговорите. А влијаењето подлежи на кривична одговорност – објаснува Симовски.

    За муслиманите, пак, постои само една графа, па во споредба со христијаните кои на табелата се делат на „протестанти“, „адвентисти“, „евангелисти“, „католици“ и „православни“, муслиманите не се делат на „шиити“, „бектеши“, „сунити“ и „дервиши“.

    Сепак, Симовски тврди дека нема ништо спорно и дека најголемиот дел од муслиманите се попишувале како муслимани, без разлика дали се „шиити“, „бектеши“, „сунити“ или „дервиши“.

    – Како што кажале луѓето, така запишале попишувачите. Ако еден бектеш кажал дека е муслиман, тогаш тој е запишан во графата „муслимани“, но ако потенцирал дека е „муслиман-бектеш“, тогаш тој е заведен во графата „припадници на вероисповед која не е наведена“. Тоа е така направено затоа што се работи за мала бројка и за да не бидеме принудени да креираме повеќе графи за многу малку луѓе. Па така, во графата „припадници на вероисповед која не е наведена“ се впишани 113 лица, но сите се од различни ориентации во исламот – објаснува Симовски.

    Инаку, резултатите од Пописот 2021 година покажаа дека во земјава живеат 847.390 православни, 590.878 муслимани, 242.579 христијани…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img