More

    Силен земјотрес го погоди Крит

    spot_img

    Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди Крит, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според Ин-Кипар, кипарски портал на англиски јазик, магнитудата е нешто помала – 5,2.

    Репортерот на порталот Грик јави дека земјотресот со јачина од 5,2 степени го потврди Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

    Нема извештаи за повредени или оштетувања на згради.

    Земјотресот во 7 часот и 13 минути бил со епицентар во морето на 30 километри југо-југоисточно од градот Закрос, на длабочина од 4,7 километри.

    Земјотресот беше почувствуван во многу области на источен Крит, како и во најголемиот град Ираклион.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img