More

    Швајцарската влада стави вето на барањето на Данска да испрати оклопни транспортери од швајцарско производство во Украина

    spot_img

    Швајцарската влада стави вето на барањето на Данска да испрати оклопни транспортери од швајцарско производство во Украина, наведувајќи ја нејзината политика на неутралност да не доставува оружје во конфликтните зони, објави во средата швајцарската телевизија СРФ, јавува Ројтерс.

    Државниот секретаријат за економски прашања (СЕКО) ја отфрли понудата на Данска да обезбеди околу 20 пешадиски борбени возила „Пирања III“ на Украина, соопшти СРФ, повикувајќи се на потврда од агенцијата. СЕКО не одговори веднаш на барањето за коментар.

    Швајцарија се соочува со најголемиот тест на својата неутралност во последните децении. Големи дебати се водат во земјата околу нејзината надворешна политика. Швајцарија, на пример, се согласи да воведе санкции кон Русија, спротивно на политиката на неутралност.

    Но, за оружјето земјата сѐ уште бара од странските земји кои го купуваат да бараат дозвола за негово извезување. Па така, во април, Швајцарија не ѝ дозволи на Германија да извезе швајцарска муниција заедно со германските тенкови во Украина, а потоа го одби повикот на Полска за воена помош за истата намена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img