More

    Швајцарецот од тенисот заработил колку Ѓоковиќ и Надал заедно

    spot_img

    Швајцарецот Роџер Федерер според заработувачката останува недостижен број еден во тенискиот свет. Моментно водечкиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ во 2023 година го истисна Шпанецот Рафаел Надал од второто место според заработувачката во светот на тенисот, но Швајцарецот Роџер Федерер за Србинот сè уште е недостижен во оваа категорија.

    Ѓоковиќ со освојувањето на АТП финалниот турнир во Торино минатиот месец инкасираше дополнителни 4.4 милиони долари и дојде до бројката од 520 милиони долари кои досега ги заработи во кариерата. Вклучувајќи ги приходите и од спонзорства, Ѓоковиќ го престигна Надал, кој досега има заработено 515 милиони долари.

    На врвот на листата останува Федерер, кој во текот на кариерата заработи 1.2 милијаради долари, што е повеќе од заработката на Ѓоковиќ и Надал заедно.

    Иако професионалната кариера ја заврши во 2022 година, Федерер сè уште заработува од бројните спонзорски договори кои само во 2023 му донесоа заработка од 95 милиони долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img