More

    Што се мајмунски сипаници, како се пренесуваат, симптоми…

    spot_img

    Истакнатиот светски научник и колумнист на „Вечерњи лист“, хрватски епидемиолог д-р Игор Рудан, на својот фејсбук-профил се осврна на темата мајмунски сипаници и објасни како се пренесува оваа заразна болест, ги наведе симптомите и објасни како дејствува вакцината.

    Неговата објава ја пренесуваме во целост.

    „(МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ) (MONKEYPOX)

    Новата тема од глобалното здравје која би можела да привлече големо медиумско внимание во наредните денови се мајмунските сипаници. Мајмунските сипаници се заразна болест предизвикана од вирусот на мајмунските сипаници. Се појавуваат кај одредени животни, но може да прејдат и на луѓето. Симптоми  на оваа болест се треска, главоболка, болки во мускулите, отечени лимфни јазли и чувство на замор.  Проследени се со карактеристичен осип, кој создава плускавци и красти на кожата, како на фотографијата. Времето од изложување на вирусот до појава на симптоми е околу 10 дена, а симптомите обично траат од две до четири недели.

    Мајмунските сипаници може да се пренесе со сечење месо на дивеч, како и со гризнување или гребнување од заразеното животно. Исто така, и преку телесните течности, заразените предмети или со многу близок контакт со заразено лице, што начелно може да вклучи и сексуален пренос. Се верува дека вирусот нормално циркулира меѓу некои видови африкански глодари.

    Болеста може да изгледа слично како кај варичела. Дијагнозата обично се поставува со тестирање на примерок добиен од меурчињата или крастите на кожата на ДНК вирусот на мајмунските сипаници. Вакцината против големите сипаници, кои се искоренети од Земјата, би требало да ја спречат и заразата со мајмунските сипаници, со околу 85 отсто ефикасност. Од лековите, Cidofovir или Brincidofovir би можеле да бидат корисни.

    Болеста главно се појавува во централна и западна Африка. Првпат е откриена во 1958 година кај лабораториски мајмуни. Првите случаи на луѓе се откриени во 1970 година во Демократска Република Конго. Помала епидемија што се случи во Соединетите држави во 2003 година била поврзана со трговијата со домашни миленици, во која се продавале глодари увезени од Гана.

    Првите случаи пријавени како последица на можното пренесување на мајмунските сипаницо надвор од Африка, со сомневање на пренос преку сексуален пат, се појавија во Велика Британија во мај 2022 година. Покрај неколкуте случаи во Лондон, последните денови се појавија извештаи за случаи во Лисабон и Мадрид, а пред два дена имало заразени групи во Монтреал и еден случај во САД кој допатувал од Канада. Сѐ уште е нејасно што точно се случува, но многу повеќе ќе знаеме во наредните денови.

    Во африканските земји, стапката на смртност кај заразените со оваа болест може да биде помеѓу 1 отсто и 15 отсто, со поголем ризик кај најмладите, но овие бројки не би требало да се применуваат за развиените земји, каде што резултатите од лекувањето треба да бидат значително подобри.  Значи, во принцип, не се очекува висока смртност во развиените земји, иако секогаш треба да се задржи одредена претпазливотст, додека не дознаеме за што точнотука се работи, бидејќи не верувам дека некој ја очекувал оваа епидемија во западните земји.

    Исто така, вакцината против големите сипаници може да се даде во рок од 4 дена по изложувањето на некој заразен, за да се спречи развојот на симптомите. Ако вакцината се дава помеѓу 4 и 14 дена по изложувањето, и тогаш може да ги намали симптомите, но не и целосно да го спречиразболувањето.

    Не е јасно што точно се случува во моментов со оваа епидемија и зошто во мај 2022 година почнаа да се појавуваат вакви групи на заболени од мајмуни сипаници во големите градови на високоразвиените земји.

    Но, верувам дека мојот Центар за глобално здравје на Универзитетот во Единбург, како и нашиот единбуршки Институт Ашер за науката за податоци во медицината, ќе бидат од првиот ден вклучени во меѓународните истражувачки мрежи и ќе произведуваат меѓу првите во светот на сознанието за оваа епидемија, како што во текот изминатите две години придонесовме за создавањето на новите знаења за пандемијата со ковид-19.

    За пандемијата со ковид-19, научниците од мојот Центар за глобално здравје и Институтот Ашер во Единбург објавија повеќе од триста и педесет научни-истражувачки трудови од почетокот на 2020 година до денес, многу од нив во водечките светски научни списанија, советувајќи неколку светски влади и меѓународни организации во нивните одговори на пандемијата. Неколку наши вработени беа постојано на располагање на меѓународните медиуми и станаа препознатливи по едуцирањето на јавноста за новата болест. Притоа, мојот метод CHNRI многу често се користеше при одлучувањето за истражувачките приоритети за новиот вирус SARS-CoV-2 и ковид-19, а наскоро ќе биде објавена и книга што ја уредував со уште тројца соработници за британскиот и американскиот пазар. Верувам дека во наредните денови ќе почнеме да размислуваме и за примена на методот CHNRI за утврдување на истражувачките приоритети поврзани со оваа нова епидемија на мајмунски сипаници. Да се ​​надеваме дека не станува збор за ништо сериозно, но подобро е да останеме внимателни и да учиме многу брзо“, напишал Рудан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img