Лионел Меси е несреќен во ПСЖ и би можел да го напушти францускиот клуб на крајот на сезоната. Меси оваа сезона постигна само седум гола на 26 настапи, испадна на стартот од нокаут фазата во Лигата на шампионите, а навивачите жестоко го исвиркаа вчера на натпреварот против Бордо.
Шпанскиот новинар Жерар Ромеро тврди дека Меси би сакал да се врати во Барселона, клуб кој го напушти минатото лето по повеќе од 20 години поминати на „Камп Ноу“. „Таткото Лео Меси, исто така негов агент, контактираше со управата на Барселона пред неколку дена за да преговара за враќањето на Лео“, изјави Ромеро.
Вчера и француските медиуми пишуваа дека 34-годишниот Меси планира да го напушти ПСЖ. Од Паркот на принцовите се очекува да го напуштат и Килијан Мбапе, тренерот Маурисио Покетино, спортскиот директор Леонардо, претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи …