More

    Шпански медиуми: Кристијано Роналдо сака да ја напушти Саудиска Арабија

    spot_img

    Легендарниот фудбалер Кристијано Роналдо оваа зима потпиша за клубот од Саудиска Арабија, Ал Наср. Сепак, изгледа дека таму не е многу среќен.

    Угледниот шпански весник „Мундо Депортиво“ објави дека Роналдо сака да го напушти Ал Наср.

    „Кристијано Роналдо не може повеќе да издржи и сака да го напушти Ал Наср во Саудиска Арабија. Не поминаа ни пет месеци откако тој пристигна во саудискиот клуб со договор на две и пол сезони и со историски договор од 200 милиони евра за секоја од сезоните. Португалецот ја сфати реалноста на саудискиот клуб и особено ситуацијата во земја каде инфраструктурата е далеку од модерното општество. Затоа луѓето околу него почнуваат да зборуваат за тоа, сакаат тој да замине и да се врати во Европа или да бара други предизвици“, пишува Мундо Депортиво.

    Роналдо во Ал Наср одигра 17 натпревари и постигна 13 голови.

    Познатиот бизнисмен сака да го финансира доаѓањето на Роналдо во европските гиганти

    Голема пречка во одлуката на Роналдо да си замине би бил договорот според кој тој ќе треба да му плати на клубот до истекот на неговиот истек, како што е наведено во правилникот на ФИФА, но ќе му се заканува и четиримесечна суспензија од настап во било кој официјален натпревар.

    Секако, тој се уште има опција да го раскине договорот со заедничка согласност. А додека тоа не се случи, гледајте го Роналдо вечерва од 20:30 часот на СК1 на натпреварот против Ал Шабаб.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img