More

    Шпанка долго живеела во верувањето дека познатиот американски актер Бред Пит е вљубен во неа

    spot_img

    Шпанка долго живеела во верувањето дека познатиот американски актер Бред Пит е вљубен во неа. Неодамна таа конечно поднела тужба против непознат измамник, откако тојѝ го скршил срцето и ѝ ја испразнил сметката за најмалку 170.000 евра, пренесуваат шпанските медиуми.

    Случајот во јавноста го пријавила адвокатката Антонија Естела Ароза, која објаснила дека нејзиниот клиент, средовечна жена, навлегла во приказната дека комуницира со Бред Пит откако се приклучила на неговиот фан-клуб на Фејсбук на почетокот на 2022 година.

    Набрзо поверувала дека стапила во романтична врска со Пит, а животот ѝ станал тотално искомплициран кога навлегла во ветувањето на „Пит“ дека ќе дојде во Шпанија за тој конечно да ја бакне страсно и да ја промовира во филмска ѕвезда.

    Имено, измамникот ѝ ветил на госпоѓата дека ќе ја вклучи во снимањето на филм, а потоа почнал да бара различни суми за да ги покрие трошоците на организацијата и неговото доаѓање.

    Лажниот Бред дури и испраќал и фотографии од црвениот тепих, а еднаш фотографијата имала и лична порака до неа: „Драга, навистина те сакам и ветувам дека ќе ти вратам сè“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img