More

    Шерон Стоун долги години е верна на овие правила кои ја одржуваат во одлична форма

    Холивудската актерка Шерон Стоун со години импресионира со својот имиџ, како и со својата модна приказна, а сето тоа бара доста труд и пожртвуваност.

    Светски познатата актерка Шерон Стоун импресионира кога и каде и да се појави, но не е тајна дека вложува многу труд во тоа.

    Шерон тренира речиси секој ден, а не престанува да тренира ниту на одмор. „Моите тренинзи секогаш се малку поинакви, секако во зависност од тоа што му треба на моето тело во тој момент“, изјави таа неодамна за Daily Mail.

    Таа споделува голем дел од својот живот со своите следбеници на Инстаграм, вклучувајќи ја и љубовта кон јогата, пилатес, танцот и тренинзите за сила.Таа не крие дека е многу дисциплинирана, а пред извесно време изјави дека дисциплината за неа е еден вид слобода, бидејќи и овозможува да остане таму каде што сака, што ја прави среќна.

    Вежба дури и кога цел ден седи на компјутер. „Имам тегови за нозете и ги користам под масата за да ги кревам нозете или барем да направам неколку чекори низ просторијата за да бидам во движење“, беше искрена таа.

    Секако, со години е лојална и на здравата исхрана, која ја одржува витална и и помага да ја одржи фигурата. „Не јадам многу преработена храна, иако не можам да се ослободам од чипсот“, вели актерката која на чинијата повеќе сака да гледа јајца, посно месо, риба и храна со низок гликемиски индекс. Во исто време, тешко ќе ја фатиме со кафе, бидејќи со години го избегнува.

    Таа уште повеќе внимава на своето здравје од 2001 година кога доживеа мозочен удар, а во интервју за Опра Винфри изјави дека мозочниот удар ја оставил со многу здравствени проблеми, но нашла сила и самодоверба да победи тешка битка.

    Денеска знае дека секој ден е подарок и затоа е благодарна за се што и дава животот, но најважно и е семејството со кое сака да го поминува секој слободен момент.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img