More

    Шефот на руските сили во Сирија разговарал со курдскиот командант за заканите од Турција

    spot_img

    Шефот на руската армија во Сирија се сретна со командантот на тамошните курдски сили во врска со заканата на Турција дека повторно ќе ја нападне северна Сирија со својата војска, изјави курдскиот портпарол, а пренесе и арапска телевизија.

    Портпаролот на Сириските демократски сили, што во превод значи Курдите, Сијаманд Али, потврди за агенцијата Асошиетед прес дека генерал-полковник Александар Чајко вчера се сретнал со курдскиот командант Мазлум Абди во североисточна Сирија и додаде дека не знаел за деталите за разговорот.

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред неколку дена вети дека ќе нареди копнена инвазија во северна Сирија за да се уништат курдските вооружени групи, откако на 3 ноември во експлозија во центарот на Истанбул загинаа шест лица, а десетици беа ранети.

    Русија повика на намалување на тензиите долж турско-сириската граница.

    Минатата недела Турција изврши цела серија воздушни напади врз наводните позиции на вооружени Курди на северот на Турција и Ирак, како одмазда за бомбардирањето во Истанбул, за што Анкара ги обвинува курдските групи.

    Овие групи негираат каква било одговорност за нападот и тврдат дека турските бомбардирања убиваат цивили и ја загрозуваат борбата против организацијата Исламска држава.

    Според извештаите на либанската телевизија Ал-Мајадин, Чајко разговарал со Абди за тензиите долж границата со Турција и начините како да се избегне нов голем упад на турските сили во Сирија.

    Станицата, која има новинари низ цела Сирија, инсистира дека Чајко предложил распоредување на сириските провладини сили долж границата со Турција, до 30 километри јужно од неа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img