More

    Шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, објави видео кое наводно е направено пред административната зграда на градот

    spot_img

    Шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, објави видео кое наводно е направено пред административната зграда на градот. Според него, Бахмут е заземен.

    – Го кренавме руското знаме со натпис. Добар спомен за Владлен Татарски и знамето на Вагнер на врвот на градската управа на Бахмут – рече Пригожин во клипот.

    – Законски гледано, Бахмут е заземен. Непријателот е концентриран во западните области – додаде тој.

     

     

    Објавата на Пригожин доаѓа само неколку часа откако истакнатиот руски воен блогер Владлен Татарски беше убиен во експлозија од импровизирана експлозивна направа во кафуле во Санкт Петербург во неделата попладне.

    Украинскиот претседател Володомир Зеленски вчера доцна вечерта изјави дека ситуацијата во Бахмут е жешка, а украинските војници продолжуваат да го бранат градот.

    – Благодарам на нашите војници кои се борат во Авдиевка, Маринка и Бахмут. Особено во Бахмут, таму е особено жешко. Руските сили со месеци се обидуваат да го опколат и да го заземат Бахмут, град кој имаше 70.000 жители пред да започне руската инвазија пред повеќе од една година – рече Зеленски.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img