More

    Шакира на терасата стави кукла вештерка

    spot_img

    Шакира и нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике не престанаа со јавното препукување по раскинувањето кое се случи пред неколку месеци, а работите од ден на ден се влошуваат.

    Имено, Шакира неодамна објави нова песна, во која јасно му се обрати на поранешниот партнер, но и на неговата нова девојка, студентката Клара Чиа Марта, поради што тој ја оставил и наводно ја изневерувал.

     

    „Вредам како две од 22. Замени Ферари за Твинго. Замени Ролекс за Касио. Одиш брзо, забави Ах, многу теретана, но вежбајте го малку и мозокот“, му порача пејачката во песната, која никогаш не криела колку е повредена поради тоа неверството на Пике, таткото на нејзините синови, иако такви работи никогаш не биле нејзин стил.

    Меѓутоа, Шакира во песната ја „поткачи“ и мајката на Пике, која се чинеше дека остана во добри односи со пејачката, бидејќи дури стави и „лајк“ на неколку објави поврзани со песната.

     

    „Ме остави со свекрва ми како комшивка, медиумите пред врата и долгови кон државата“, пее Шакира, која на својата тереса во куќата во Барселона постави куклата од вештерка е свртена кон куќата на поранешната свекрва.

    Монтсерат наводно побарала од Шакира да ја отстрани куклата којашто ѝ предизвикува непријатност, но пејачката не го сторила тоа.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img