More

    Сензорите за мерење шеќер во крвта не се квалитетни, се жалат дијабетичарите

    spot_img

    Сензорите за мерење на шеќер кои пациентите ги добиваат од државата, се недоволно квалитетни, се жалат дел од луѓето со дијабетис.

    Тие објаснуваат дека наместо 14 им траат по 3 до 4 дена, па месечно треба да одвојат плус уште речиси 100 евра за да може без проблем да го минат месецот.

    Таков е и случајот на 11-годишната Јана Костадиновска, чиј татко раскажува случајно пред околу една година ѝ била откриена болеста, без претходно да има било какви симптоми.

    – Овие треба да траат 14 дена, нас ни траат 3 до 4 дена. Овој трансмитер откажува и после прашалници нема. Потоа си купуваме на приватно, а тоа месечно нѐ чини уште 100 евра. Претпоставувме има трансмитери, тоа го полниме и тоа не трае повеќе од 3 дена, а треба 14 дена. Значи ни даваат 12 за 6 месеци, а нас ни траат по две недели – изјави Костадин Костадинов.

    Од Сојуз на здруженија на дијабетичари бараат референтна цена за терапијата и сите медицински помагала за дијабетичари.

    Дополнително, велат оттаму, крајно време да се промени и позивитната листа на лекови која со години наназад е иста, па доколку дојде до промена наместо два тие би имале на располагање дополнително уште најмалку 7 лекови кој сега ги купуваат приватно.

    – Очекуваме следната година да нема тендери туку да се промени моделот со отворен пазар со референтна цена, се со цел граѓаните односно младите пред се да бидат здрави да можат нормално да го живеат својот живот… НАшето барање генерално и главната цел е сите ТИП 1 да добијат сензори, ТИП 2 да добијат сите и нова терапија, ние на позитивната листа цело време тоа го кажуваме, добиваме само 2 лека другите сите веќе 7ма година си ги купуваме на приватно. Позитивната листа доколку се смени по нивните критеритуми на докторите, државата што ги објави ние ќе имаме уште 7 или 8 лекови – изјави Диме Велев – СЗДМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img