More

    Се враќаат авиолиниите од пред пандемијата со ковид-19

    spot_img

    Со летниот распоред на летање, што стартува на 28-ми месецов, покрај новата авиолинија Скопје-Софија, на аеродромите во државава се враќаат неколку рути што функционираа пред ковид пандемијата. Се очекува и враќање на полски ЛОТ со линијата за Варшава. Истовремено со стапувањето во сила на летниот ред на летање, на Скопскиот аеродром почнуваат и градежни активности за обнова на пистата.

    – Моментално, летниот распоред на летање од Меѓународниот Аеродром Скопје има 35 дестинации. Сите дестинации што ги имавме лани ќе продолжат, освен Москва, Санкт-Петербург и Киев. Иако како авиолинии беа пуштени првпат во ковид-кризата, во 2020 и 2021 година, во моментов овие три линии не се оперативни. Во овој летен распоред на летање се враќаат и неколку рути кои ги имавме пред ковид-пандемијата, но во текот на зимската сезона се’ уште не беа вратени. Друга авиолинија за која се надеваме дека ќе се врати, по завршувањето на рехабилитацијата на пистата, е Варшава, со полската авиокомпанија ЛОТ, која исто како и авиолинијата до Истанбул, се користеше од нашите патници како конекција за патувања до САД – вели во интервју за МИА Метин Батак, извршен директор на ТАВ Аеродроми.

    Веруваме, како што дополнува, дека авиолинијата Скопје-Софија, која е новина во летниот ред на летање, ќе им даде уште поголем поттик на туризмот и економијата во земјава.

    – Секоја авиокомпанија пред воведувањето на некоја линија прави детални анализи и проценки за нејзината одржливост, трошоците и приходите, така што верувам дека и во овој случај тоа не е исклучок – оценува Батак, прашан за одржливоста на новата авиолинија.

    Тој истакнува дека последиците од ковид-19 кризата сѐ уште се чувствуваат глобално и оти се потребни уште најмалку две до три години за закрепнување на авиосообраќајот на светско ниво.

    – Изминатите две години беа и се навистина предизвикувачки за авиосекторот. Почна со ковид-кризата, продолжува со глобалните политички и економски случувања. Сето ова влијае врз сите бизнис-сектори, вклучувајќи го и авиосообраќајот, така што брзите прилагодувања на секоја новонастаната ситуација се неопходни и се покажаа како клучни во целиот овој период. Постојат бројни предизвици со кои ТАВ Мaкедoнија успешно се носи, секогаш организирајќи ги процесите и условите за работа според највисоките глобални авијациски стандарди, за што доказ се и меѓународните признанија што ги добиваме – наведува Батак.

    Во првите два месеца од годинава на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид се регистрирани 215.227 патници, што е пад од 29 проценти на вкупниот број патници споредено со бројките за јануари и февруари во 2019, како референтна година. Во однос на 2021 година, бројот на патници во првите два месеци оваа година е зголемен за 107 проценти. Бројот на летови пак, на двата аеродрома во првите два месеци годинава е 1.900, што е 46 проценти повеќе во однос на истиот период лани, но е за 26 проценти помалку во однос на 2019 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img