More

    Се преврте автобус со свадбари во Австралија, десет лица загинаа

    spot_img

    Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила после свадба во Австралија.

    Патниците се враќале од свадба во неделата вечерта, кога автобусот се превртел во винската област, која се наоѓа во близина на Грета во долината Хантер, Нов Јужен Велс.

    Од полицијата велат дека истражуваат што ја предизвикало несреќата. Возачот на автобусот, 58-годишен маж, е уапсен.

    Официјалните лица стравуваат дека бројот на жртви може да биде поголем. Во болница се пренесени 25 патници, двајца во многу тешка состојба.

    Автобусот се уште е превртен и се верува дека под него се заробени повеќе луѓе, пренесуваат австралиските медиуми.

    Трејси Чепмен, вршителка на должноста помошник комесар на полицијата во Нов Јужен Велс, соопшти дека постојат доволно податоци за полицијата  да го обвини возачот на автобусот, кој исто така е во болница со полесни повреди.

    – Возачот е уапсен. Тој управувал возило во кое имало смртни повреди и ќе биде поднесена пријава – изјави Чепмен додавајќи дека во моментот на несреќата имало густа магла.

    По несреќата се огласи и премеиерот на Австралија,  Ентони Албанес кој рече дека е „сурово, многу тажно и неправедно“ што „радосен ден на толку убаво место треба да заврши со таква страшна загуба“.

    Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, изјави дека страшната несреќа се случила на ден кој требало да биде исполнет со љубов и среќа.

    – Срцепарателно. Навистина е сурово денот на радост да заврши со таква катастрофална загуба. „Нашите мисли се со оние кои беа повредени – рече Минс.

    Полицијата соопшти дека се уште работи на идентификување на жртвите во несреќата и контакт со нивните најблиски.

    Областа Хантер Вели во Австралија е позната по своите лозја и автохтони винови лози, што ја прави популарно место за туристи и групни патувања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img